| четврток, 6 декември 2018 |

Докторка од Радовиш блесна во „Никогаш не е доцна“ (Видео)

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, настапуваше и 60 годишната Олгица Велкова од Радовиш.

Во своето претставување Олгица истакна дека уште на 10 години имала свои настапи, но дека животниот правец ја однел во медицината и започнала да студира медицина.

Таа објасни дека нејзиниот сопруг го запознала меѓу 7 и 8 одделение.

-Професорката по француски јазик ни кажа дека ќе има квиз и дека ќе се пеат француски песни. На школската проба ме здогледа мојот сопруг и отогаш цел живот се дружиме со музиката, вели Олгица.

Олгица се пријавила во „Никогаш не е доцна“ за да си ја исполни желбата.

Во жирито беше и оперската светска дива со македонско потекло Ана Синицки која на кандидатка и се обрати на македонски јазик.

-Многу ми е драго што сте во оваа емисија. Ова емисија треба да се вика „Ништо не е случајно“. Мојот прадедо кој беше Русин е погребан во Радовиш. Многу ми е мило што си со нас, изјави Ана.

Олгица се претстави со песната „Старе љубави“ од Тереза.

Жирито беше воодушевено од нејзината изведба и доби само позитивни коментари.

Докторката Олгица Велкова помина во следниот круг, па ќе имаме прилика да ја видиме и во вториот круг.

вистина.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top