| четврток, 6 декември 2018 |

На Турновци им се погоди, вечерва ќе играат против Хајдук, тимот за кој навиваат

На Турновци им се погоди ждрепката во Лига Европа, а вечерва ќе играат против Хајдук, тимот за кој навиваат, како што самите велат.  За македонскиот претставник во квалификациите за ЛЕ е вистинска штета е што Хајдук е казнет со еден меч без присуство на гледачи, па нема да ја видат „Торцида“ и да се претстават пред сплитската публика.

„Многу ни е жал што што нема да има гледачи на трибините. Хоризонт е мал клуб со големо срце и се би дале да можевме да се претставиме во вистинско светло пред сплитската публика. Бевме многу разочарани кога не информираа дека Хајдук е казнет. Тоа оди на штета на двата клуба. Никој не сака да игра без присуство на гледачи“, е изјавата на Шефки Арифовски.

Хоризонт Турново е дебитант на европската сцена, но успешно го мина првото искушение и ја елиминира литванска Судува.

„Одигравме храбро против Судува, но и Хајдук ни помогна. Сознанието дека вашиот клуб ќе ни биде противник во ворото коло, дополнително ги мотивира играчите, да дадат максимум и да бидат подобри во двата дуели со литванскиот тим“, додаде Арифовски на средбата со новинарите во Сплит.

Сепак и нескриените симпатии кон Хајдук, клуб кој е омилен во Турново и околината, не значи дека македонскиот тим ќе се предаде без борба.

„Посебно ги поздравувам навивачите на Хајдук, затоа што и кај нас, поголемиот дел од жителите навиваат за овој клуб. Тоа не значи дека ќе се предадеме. Посакувам победа, но и нерешено би бил добар резултат. Главната амбиција сепак ни е да се претставиме во вистинско светло“, заврши Арифовски.

Натпреварот се игра од 20,30 часот, со директен пренос на ТВ Алфа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top