30-годишната Рози Рис е јога инструкторка, но нејзините јога сеанси се посебни затоа што на нив сите мора да практикуваат јога целосно голи.
Рози часовите по „гола јога“ ги одржува само за жени кои на тој начин, како што таа вели, ги поттикнува да го прифатат своето тело. Тврди дека нејзините јога часови помагаат при воспоставување на духовен баланс и дека голата јога на големо го подобрува сексуалниот живот на оние кои ја практикуваат.
„Им помагам на жените сексуално да се ослободат“, вели Рози на својот блог.
Оваа Австралијка фотографиите од своите јога часови ги објавува на Инстаграм, каде има над 50.000 следбеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.