| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје повторно се гуши, загаденоста четири пати над дозволеното

Скопје и вечерва се гуши во загаден воздух. Во неколку скопски општини регистрирани се екстремно високи концентрации на ПМ 10 честички. Имено кај Ректорат се измерени 206 милиграми на еден кубен метар, во Карпош 191 , додека во Центар 171 милиграми на еден кубен метар.

Сите надлежни институции кои треба да ги заштитат граѓаните од ова алармантно аерозагадување кое влијае на нивното здравје, веќе како мантра постојано повторуваат дека имат план и стратегија според кои се раководат за надминување на состојбата, и дека реагираат во доменот на своите ингеренции. А граѓаните засега, како и минатата година, не гледаат никаков резултат.

За жал градските власти и покрај ветувањата во предизборниот период на локалните избори дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух се уште немаат најдено соодветно решение. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, смирува и порачува дека тој ја споделува маката со скопјани и дека и тој го дише истиот загаден воздух.

Високи концентрации на ПМ 10 се измерени и во Куманово, Струмица и Битола. Така што во Струмица се измерени дури 321 милиграми на еден кубен метар, во Куманово 254 и Битола 206 милиграми на еден кубен метар.

Дозволената граница на ПМ 10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top