| четврток, 6 декември 2018 |

Вил Смит од Калифорнискиот пекол: Ова е страшно, бегајте веднаш! (Видео)

Огнената стихија во Калифорнија не се смирува. Целиот град Парадајс во кој живееле 27.000 луѓе е целосно уништен, а бројот на загинати постојано расте.

Десетина илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, а меѓу има и познати личности. Ким Кардашијан, Кејтлин Џенер, Џерард Батлер, Вил Смит и Алиса Милано се само некои од нив, а на социјалните мрежи кружат страшни фотографии.

Џерард Батлер споделил фотографија на која се гледаат остатоците од неговата вила.

“Се вратив во мојата куќа во Малибу по евакуацијата. Страшни моменти во Калифорнија. Благодарен сум им на пожарникарите. Ви благодарам за храброста, жртвата и позитивниот дух”, напишал актерот и добил пораки за поддршка ширум светот.

Вил Смит

“Ќерка ми е нервозна, па ме натера да излезам надвор. Ова е страшно. Ние сме подготвени за евакуација, чекаме наредба. Ако сте во зоната на евакуација, бегајте веднаш”, порачал актерот.

Кејтлин Џенер

Кејтлин Џенер, татко на Кајли и Кендал Џенер, кој го променил полот, се огласила откако во пожарот изгорела нејзината вила.

Таа порачала дека таа, нејзината девојка Софија и двете кучиња се безбедни. “Многу сме среќни што сме тука и се молиме за сите загрозени. Излеговме од зоната на пожарот, сега сме на безбедно. Се надеваме дека и вие сте безбедни со своите семејства”, порачале Кејтлин и Софија.

View this post on Instagram

Update from us

A post shared by Caitlyn Jenner (@caitlynjenner) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top