| четврток, 6 декември 2018 |

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов, на скопјани не им е до смеа, престанете да правите комедија и фатете се за работа

74 години слободно Скопје, 74 години со љубов секоја генерација се вградува во градот и неговиот развој. Денеска Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на денот на ослободување на Скопје потсетува на обврската која ја има секоја градска власт за поубаво Скопје, ова денеска на прес-конференција го истакна Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во моментите кога се сеќаваме на ослободувањето и ги чествуваме сите жртви, но и преживеани борци на НОБ кои го ослободија Скопје се соочуваме со бришење на историјата и нивно изоставување од преамбулата со отргањето на АСНОМ, што претставува неблагодарност кон нашите дедовци и прадедовци што го ослободија градот. Нашиот град веќе една година е запоставен. Купишта проблеми, а никаде решение. Кучиња скитници напаѓаат луѓе, ѓубрето не се чисти редовно, а кога тоа се прави се претставува како некој голем проект, а не секојдневна обврска. Проекти нема, а проблемот со загадувањето кое веќе десетина дена ни тропа на врата се заканува и оваа зима да биде горлив проблем за скопјани, потенцира Попов.
Тој додава дека Шилегов нема решение за намалување на загаденоста на воздухот, иако пред избори ветуваше експресно решавање. Сега наместо да се фати за работа организира стенд ап настапи за својата не работа.

-Господине Шилегов, на скопјани не им е до смеа, особено не затоа што Скопје веќе десетина дена е меѓу десетте најзагадени градови во светот, а вас очигледно затоа не вие гајле. Повикуваме итно да престанете да правите комедија од цел град и да се фатите за работа. Во спротивно поднесете си оставка од функцијата! Скопје има граѓани кои го сакаат и кои сакаат овој град да биде модерен, напреден, град во кој секој ќе може себеси да се реализира, а не град во кој што не може да се реализираа ни најосновните потреби на човековото урбано живеење. Токму затоа ние Градскиот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ под мотото ,,Го сакам Скопје” со симболичен марш од Музејот на град Скопје до Плоштад Македонија ќе порачаме дека Скопје се сака со дела и дека на Скопје му требаат нови идеи и решенија, а не неработа и неспособност, истакна Попов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top