Критичарите на Доналд Трамп велат дека единствениот начин да ги одвои неговите бизнис интереси од интересот на јавноста е едноставно да излезе од бизнисот во целост, да ги продаде своите компании, а приходите да ги стави во анонимен имот или средства кои што ќе ги управува некој друг, пишува Политико.
-Но, нема ништо едноставно во тоа: празнење на големата империја недвижности на Трамп ќе биде долг, комплициран процес полн со етички стапици, а некои од таквите етички замки на крајот би можеле да го чинат неговото вкупно богатство.
-Тој мора да напарви избор“ вели Дејвид Рајс, директор на Бруклин Центар за урбанистичко бизнис претприемаштво и додава дека се зависи од тоа „колкава болка е подготвен да издржи“.
Трамп, кој се очекува на прес конференција во среда да го претстави планот во врска со кофликтот на интереси, е на чело на огромен имот.
Форбс проценува дека неговиот имот има нето вредност од околу 3,7 милијарди долари во септември, а најголемиот дел од ова се припишува на фондовите на недвижности, договори за партнерство, договори за управуавње, брендирање и даночни разграничувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.