| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца светски лидери против милијардерот: Војна против империјата на Сорос

soros lideri

Унгарскиот премиер е веќе против сето она што го прави „империјата” на Џорџ Сорос во неговата земја, па според многумина, Орбан застана на страната на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп кои што може да се каже дека се во „конфликт” со милијардерот.

„Групите кои што ги плаќа Сорос мора да се идентификуваат и да работат транспарентно. Големи предатори пливаат во овие води, тоа е транснационална империја на Џорџ Сорос која што има еден тон пари и меѓународна тешка артилерија”, изјави Орбан и додаде:

„Тоа предизвикува големи невољи. Со тајната работа и странските пари, тие се обидуваат да влијаат на нашата политика. Овие организации прават се што е во нивна можност за во Европа да внесат стотици илјади мигранти”, порача унгарскиот премиер.

Рускиот аналитичар Андреј Корипко објасни за руската новинска агенција „Спутник” дека Виктор Орбан и Владимир Путин се единствените европски лидери кои што отворено се спротиставуваат на „таинствената мрежа на Џорџ Сорос”.

soros orban

Трамп и Сорос до неодамна соработувале, но веќе одредено време се во конфликт. Сорос донирал 10,5 милиони евра за кампањата на Хилари Клинтон, а исто така донирал пари и против останатите републикански противнци на Доналд Трамп. Потоа наводно спонзорирал протести против Трамп ширум САД.

„Сорос е дел од една глобална структура на моќ која што е виновна за економските одлуки кои што ја ограбија работничката класа”, порача Доналд Трамп за време на неговата претседателска кампања.

Еден од обидите за притисок на новиот американски претседател е повикот на генерален штрајк против Доналд Трамп на 17-ти февруари. Како што пренесува германски „Дојче Веле” оваа идеја е необична затоа што во Америка не постојат генерални штрајкови. Во рамките на нападите на Трамп, агенцијата за рејтинг „Фич” објави дека новиот американски претседател претставува ризик за глоблната економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top