СДСМ вечерва на вонреден состанок на Централен одбор ќе одлучи дали ќе учествува на локалните избори во март или ќе ги бојкотира. На седницата освен членовите на ЦО ќе присуствуваат и претседателите на Општинските организации и градоначалниците од нивните редови. Вечерашниот состанок за социјалдемократите ќе биде еден вид на ”мини” конгрес.
Од досегашните изнесени ставови на партиски функционери, излезот од политичката криза СДСМ го гледа во формирање на ”техничка” влада која би организирала фер и демократски избори. Прочистување на избирачкиот список и измени на Изборниот законик според препораките на ОБСЕ и ОДИХР, се дел од барањата на СДСМ.
Портапаролот на Европската Унија, Себастијан Брабант пред неколку дена ги повика опозиционерите да се вратат во Парламентот.
– ЕУ ги повикува лидерите на сите политички партии и нивните поддржувачи да стават крај на овие конфронтации, без одлагање. Ги повикуваме да се однесуваат на начин кој е во согласност со Уставот и законите, но и да делуваат низ расправа во Собранието, што е најдобар интерес на граѓаниете кои ги избрале пратениците во Парламентот за да ги претставуваат нивните интереси, изјави Брабант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.