| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството за земјоделство ги отфрли обвинувањата на СДСМ

dimovski

СДСМ очигледно изненаден дека веднаш беа доставени на јавен увид сите детали од договорот со ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ, компанија основана од Сахара Индија Паривар, за долгогодишен закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, сега бара контроверзи таму каде што не може да ги најде, реагира Министерството за земјоделство на прес-конференцијата на СДСМ.
„Договорот е склучен согласно постапките уредени со одредбите од Законот за земјоделско земјиште, додека обврските кои ги има превземено инвеститорот, сведоци сме дека во текот на овие денови започнуваат да се спроведуваат согласно предвидената динамика. Разликата во однос на изминатиот период е што, спротивно на очекувањата, односно надежите на СДСМ дека новиот закупец на земјиштето ќе „произведе исто колку што произвел АК „Џумајлија“, договорот го обврзува реално да инвестира „само“ 200 милиони евра во фарми со вкупен капацитет од 20.000 грла и во нов преработувачки капацитет годишно да произведе 75.000 тони сточна храна и во нов капацитет капацитет за преработка на млеко да оствари 80.000 литри производство на млеко на дневна основа во период до 3 години. Истовремено, инвеститорот, во согласност со договорот, се обврзува да вработи 2.000 лица во следниот тригодишен период“, се наведува во соопштението.
Министерството информира дека Suhbinder Singh Heer е управител на ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕЛ од Скопје, компанија која е основана од Сахара Индија Паривар.
„Дејноста на регистрираната фирма ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕ е во рамките на бараната дејност – земјоделско производство и преработка на земјоделски производи, согласно Законот за земјоделско земјиште. Фирмата ДПЗП Sahara Pure Eatables Corporation Limited ДООЕ е компанија која до министерството депонираше банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во износ од 3 милиони евра, иако законот за истото не ја обврзува, што само го потврдува нејзиниот сериозен пристап во реализација на проектот. Понудувачот, односно закупецот ги има доставено сите потребни документи за учество во постапката за доделување на земјиштето под закуп и потребната банкарска гаранција во износ од 100 илјади евра“, соопшти Министерството за земјоделство.
Според институцијата, оваа фирма е регистрирана со влог од 5.000 евра кои има можност да ги плати во рок од една година, а за културите за кои е издаден договорот, под услов сите да се обработени, согласно овогодишната програма, закупецот би добил максимално 85.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top