| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца повредени во железничка несреќа кај Гостивар

Policija-OhridТри лица се повредени откако воз удрил во тешко товарно возило на патниот премин преку железничката пруга кај селото Врановци, близу Гостивар. Несеќата, според МВР, се случила околу13 часот и 30 минути. Оттаму објаснуваат дека до несреќата дошло кога патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во машина со кран која работела покрај пругата, во близина на гостиварското село Тумчевиште. Повредени се 48-годишниот машиновозач З.А., 28-годишниот управувач на работната машина Д.Н. од Охрид, како и 63-годишниот А.Ц. од Скопје.

Патниците од возот се пренесени со автобус до дестинациите на кои патувале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top