| четврток, 6 декември 2018 |

Таа е неговата нова „Надеж“, Лозано повторно заљубен? (Видео)

Пејачот Влатко Лозаноски денеска на Youtube ја промовираше својата нова песна насловена како „Надеж“.

– Ви ја подарувам мојата 4-та песна за оваа година насловена „Надеж“ – напиша тој на својот Youtube канал.

Во видео-записот му прави друштво атрактивна девојка, со која Лозано изгледа како повторно заљубен.

Тој првпат сними видео во кој е во малку послободно издание, па ги изненади своите обожаватели. Лозано во спотот ја гушка, бакнува и соблекува манекенката Билјана Шкортова, која ја има главната женска улога во видеото. Тој доби пофалби за песната, но и комплименти за видеото.

„’Надеж’ е песна во која многу верувам и знам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Песната и спотот се снимени уште на почетокот на годината, го имам истиот имиџ како и на ‘Километри”. Со мојот тим решивме дека сега е одлично време да ги почестиме љубителите на македонска музика со оваа балада“, вели Лозано.

Баладата „Надеж“ ја напишаа Лазар и Магдалена Цветкоски, а спотот го изработи „Веста продукција“.

Новата песна е дел од третиот албум на Лозано „Десет“, на кој ќе се најдат и „Километри“, „Јако, Јако“, „Камо тебе да те имам“, „Мандарина“, „Жена како ти“, „Како тебе нема друга“, „Пред да се раздени“ и „Бонбона“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top