Прославата на 30-годишнината од основањето на навивачката група „Војводи“ од Тетово ја одбележа голем инцидент, за кој најзаслужна е навивачката група „Балисти“. По прославата на „Војводи“, „Балисти“ крстосувале низ градот, и, како што пренесува Инфомакс, скандирале навредливи слогани, упатувале понижувачки зборови полни со етничка нетрпеливост, повици за тероризам и голема Албанија.
Обидот за предизвикување на меѓуетнички конфликт се случил попладнево во Тетово, кога марширајќи по тетовските улици, група „Балисти“ започнале да фрлаат шишиња и камења кон македонско кафуле полно со гости.
Додека се движеле скандирале „УЧК, УЧК, Илирида, Македонско девојче ку*ва голема“.
Како што информираат лица присутни на немилиот настан, полицијата не се обидела да ги спречи, наместо тоа ги притиснале присутните во кафулето внатре оневозможувајќи им да се одбранат или да вратат на провокациите.
Тетовци се жалат дека во последните три дена на улиците на градот се случуваат и физички напади на припадници на навивачката група „Војводи“, а на истите нема соодветна реакција.
извор: инфомакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)