| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот блиндиран џип на италијанската полициска формација „Карабнери“ (Видео)

Италијанската воено – полициска формација, славните Карабинери, добива нови возила.

Очекувано, станува збор за модел од прозиводителот на автомобили „Фиат Крајслер“ и тоа најголемиот џип, популарниот „Гранд Чироки“.

Овој џип со должина од скоро 5 метри, има 190 коњски сили, кои се пренесуваат на сите четири тркала по пат на осумстепен автоматски менувач.

Покрај стандардните работи, темно сина боја со црвени елементи и полициски светла, чипот на прв поглед не се разликува од стандардниот.

Сепак, овој модел е многу поинакув од стандардниот, поседува блиндирана каросерија со засилени стакла и гуми. Што значи дека возилото е за сите мисии на карабинерите.

Во кабината на џипот има и место за држачите за автоматските пушки .

Инаку, популарните „Карабинери“ до крајот на годината ќе добија 19 вакви џипови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top