| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко на новинарството, српски журналист си призна дека барал пари за трансфер на тренерот на Црвена Звезда (видео)

Новинар во Србија си призна дека бара 10 проценти од тренерот на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, Славиша Стојановиќ. И тоа го стори во живо во контактна емисија, без срам и перде. Новинарот се вика Дејан Анѓуш, а гостин му беше Небојша Човиќ, човек што кусо беше и Премиер на Србија.

„Мртов ладен“ Анѓуш си призна дека бара 10 проценти или 12 илјади евра како заслужен за ангажманот на Стојановиќ за тренер во Црвена Звезда. Човиќ не се сложи со новинарот, кој беше и водител на контактната емисија.

Според стандардите, што важат секаде во светот, на новинарите им е забрането да учествуваат во трансфери на фудбалери, тренери, а дури според кодексот на однесување не смеат да навиваат за одреден клуб. Очигледно во Србија не е така, а и кај нас има сомнителни работи.  И новинари што не ги почитуваат правилата, ниту моралните вредности на професијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top