Постапката со референдумот е „правен вампиризам“, истакнува во интервју за Пресинг ТВ, професоката од Правниот факултет на УКИМ, „Јустинијана Прима“, Гордана Силјановска Давкова, според која одлуката за почеток на уставни промени е без правен основ.
Професорката Силјановска истакнува дека наскоро се очекува да ги видиме шоковите кои се сокриени во Преспанскиот договор, а како еден од нив наведува е тој што „покраината Македонија во Грција веќе го прогласи Солун како главен град на Македонија“ и тоа пред странски гости (на парадата во Солун на 28 октомври н.з.) и притоа истакна дека ние ќе го изгубиме најважното – придавката македонски.
Силјановска вели дека ако досега нејзини колеги мислеле дека Македонија е слаба држава, сега некои од активностите што се случуваат наведуваат на заклучок дека „се работи за пропадната држава, или за држава во распаѓање“.
За предистражната постапка која Основното јавно обвинителство ја спроведува против шефот на државата и врховен командант на оружените сили, таа потенцира дека „само Уставниот суд може да ја оценува работата на претседателот на државата врз основа на импичмент“.
Извор: Пресингтв
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)