| четврток, 6 декември 2018 |

Инвеститорот гради кај Мајчин дом, аеродромци повикуваат на протест во 18 часот

Аеродромци преку социјалните мрежи се организираат за протест вечерва во 18 часот пред Мајчин дом, откако беше објавено дека инвеститорот утринава почна со градба.

Инвеститорот ја рестартираше градбата откако беа исцрпени сите механизми за запирање на градбата. Уставниот суд во средата ги одби претставките кои беа поднесени за преиспитување на уставноста на спорниот ДУП И-10.

Општина, како што посочуваат оттаму, е обврзана да ја почитува одлуката на Судот, како институција со највисока надлежност за овој случај.

Граѓаните од Аеродром минатиот месец одржаа протест кога парцелата беше оградена, а од Општината веднаш го стопираа градењето на 15 дена.

Активистите од „Сакаме Аеродром да дише“ тогаш посочија дека тие ќе го почекаат истекот на тие денови и повторно ќе протестираат штом инвеститорот започне со градежни активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top