Во врска со текстот под наслов ,,Украдени охридските тенкови“ објавен на 15.07.2013 година во „Република“ , Генералштабот на АРМ го испрати соопштение кое ви го пренесуваме во целост.
Во текстот со наслов ,,Украдени тенковите од Мауцкер кај Охрид“ наведени се податоци дека тенкови кои се наоѓаа на стрелиштето Мауцкер на самиот влез во Охрид биле украдени викендов.
Во врска со истото ја известуваме јавноста во Република Македонија дека стрелиштето Мауцкер во минатото се користеше за потребите на АРМ, а старите и расходувани оклопните возила се користеа како макети за изведување на разни вежбовни активности – гаѓања.
Со одлука на влада од 28.03.2011 година земјиштето од стрелиштето Мауцкер веќе не е во сопственост на АРМ и е отстапено на Република Македонија со што од наведениот датум АРМ нема никаква понатамошна надлежност над средствата и наведеното земјиштето.
Во текот на подготовките за отстапување на земјиштето, АРМ изврши повлекување на средствата на стрелиштето, вклучувајќи ги и сите оклопни возила кои потоа беа разместени во касарните на АРМ, освен една макета –мета чие отстранување беше нерентабилно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


