Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Нов Зеланд, а епицентарот бил на околу 35 километри југозападно од градот Таумарунуи, објавија новозеландските медиуми.
Земјотресот не предизвикал цунами бидејќи бил на голема длабочина од 207 километри и епицентарот не бил во близина на брегот, се наведува во соопштението.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат драматичните моменти од потресот. На кратко е запрена и работата на новозеландскиот парламент, а откажани се и неколку слетувања на авиони.
Министерот за внатрешни работи, Крис Фафои, изјави дека нема информации за предизвикана штета, но предупреди дека е можно да следуваат нови потреси со помал интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)