| четврток, 6 декември 2018 |

Пахор: Дајте им понуда за името која нема да можат да ја одбијат

Македонија да понуди конкретна иницијатива за прашањето со името која нема да ги остави рамнодушни претставниците од ЕУ и меѓународната заедница, порача словенечкиот претседател Борут Пахор на денешната прес-конференција по средбата со својот домаќин, шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов. Ова е многу битно, истакна Пахор, за паралелно да се решаваат членството на земјата во ЕУ и името.

– За кавга и соработка секогаш се потребни двајца. Потребно е многу храброст водачите на двете страни да се одлучат за соработка – рече Пахор.

Претстаделот Иванов потврди дека во текот на разговорите со словенечкиот колега станало збор за тоа како Македонија да ги искористи позитивните искуства на Словенија која во однос на Хрватска покажа дека може европски да се однесува кон земја кандидат за членство во ЕУ.

– Постојано се соочуваме со ситуација на немање соговорник. Сите наши иницијативи се отфрлаат, не се прифаќаат, а ние сакаме решение – потенцира Иванов

 

Пахор нагласи дека во Македонија дошол од две причини, да го продлабочи трајното пријателство и уште еднаш да ја искаже словенечката поддршка на патот на македонското евроинтегрирање. Тој го најави одржувањето на т.н. Брдо процес на 25-ти овој месец, на кој, покрај претседателите на сите балкански земји, од Словенија до Албанија, ќе присуствуваат
и францускиот претседател Франсоа Оланд, како и високи претставници на ЕУ.

– Тешко е да се каже какви ќе бидат резултатите, но, му порачав на мојот колега Македонија до 25-ти да најде порака што ќе може да и биде пренесена на ЕУ – истакна уште еднаш словенечкиот претседател.
Словенија, подвелечe, секогаш ги поддржувала напорите на Македонија за евроинтегрирање, а така ќе биде и понатам.u

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top