| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ОН

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој од вчера учествува на 73. Генерално Собрание на Обединете Нации во Њујорк, присуствуваше на настанот на високо ниво – Глобален повик за акција за светскиот проблем со дрогата, со кој претседаваa Претседателот на САД, Доналд Трамп и Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Македонскиот претседател, како што соопштија од неговиот кабинет, присуствуваше на свеченото отворање на Мировниот самит Нелсон Мандела 2018, што се одржува по повод 100-годишнината од раѓањето на поранешниот јужноафрикански лидер.

Иванов он

Доцна вечерта по македонско време, претседателот Иванов присуствуваше на свечениот прием организиран од Претседателот на САД, Доналд Трамп за учесниците на 73. Генерално Собрание на ОН.

Предвидено е претседателот Иванов да се обрати пред Генералното Собрание на ОН на 27 септември. Исто така, предвидено е македонскиот претседател да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top