| четврток, 6 декември 2018 |

Пахор најави дека во Скопје ќе се одржи самит на челници од регионот

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска во разговор со бугарскиот колега Румен Радев најави самит на челници на држави од ЈИЕ во формат Брдо-Бриони.

Пахор најави самит во Скопје на држави од ЈИЕ во форматот Брдо-Бриони за помалку од еден месец.

Според словенечки медиуми, Пахор при посетата на Софија, го поздравил самитот за иднината на држави од Западен Балкан што ќе се одржи во крајот на претседавањето на Софија со ЕУ.

Пахор рекол дека Словенија и Хрватска како иницијатори на процесот Брдо-Бриони за помалку од еден месец заедно со Македонија ќе организираат таков собир во Скопје. Тоа ќе биде „еден од важните“ состаноци кои досега се остварени во согласност со иницијативата покрената пред повеќе години од Словенија и Хрватска со цел економска и политичка стабилизација на регионот, јавија словенечки медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top