| четврток, 6 декември 2018 |

По 12 години, Франција повторно е во финале на фудбалското СП

По пауза од 12 години,  а вкупно третпат во историјата, фудбалската репрезентација на Франција е во финалето на Светското првенство (СП) кое завршува в недела во Русија.

Во првиот полуфинален меч, „триколорите” славеа со минимални 1-0 против Белгија и на тој начин се изборија за меч за титулата.

Единствениот гол го постигна Самуел Умтити во 51. минута со глава по корнерот од десната страна што го изведе Гризман. По примениот погодок, Белгијците не успеаја да создадат притисок и да го загрозат водството на Франција, па избраниците на Дидие Дешамп мирно го приведоа натпреварот кон крајот.

Противник на Франција во големото финале в недела ќе биде подобриот од дуелот меѓу Хрватска и Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top