| четврток, 6 декември 2018 |

Во Динамо Букурешт разочарани, пропадна трансферот на Душан Савиќ

Душан Савиќ сепак нема да игра за Динамо Букурешт, откако раководството на тимот стравувало од ризик, македонскиот интернационалец да не е повреден. Тренерот на гигантот од Букурешт, Георге Мултеску изјави дека е разочаран што не е потпишан договор со Савиќ. Покрај него нема да има трансфер во Динамо ниту за Елтон Кардозо.

„И двајцата имаа проблеми при медицинските прегледи, па не сакавме да ризикуваме. Навистина сакав Савиќ да дојде кај нас и тој ни беше прва опција како засилување во нападот. Ќе се обидеме да донесеме други играчи“, изјави Мултеску.

Претходно романските медиуми објавија дека трансферот на Савиќ од украински Волин во Динамо е готова работа, а потврда имаше и од нашиот интернационалец. Преговорите траеа долго, а за сума од 300 илјади евра, офанзивниот играч требаше да потпише двегодишен договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top