| четврток, 6 декември 2018 |

Откриено кои челници на Лестер не биле во хеликоптерот

Семејството ја потврди веста дека првиот човек на Лестер, Вишаи Шривадханапрабха бил во хеликоптерот, кој се урна на паркинг за автомобили непосредно по полетувањето од стадионот на кој играше фудбалскиот клуб вчеравечер. И утрово се уште нема информации за неговата состојба.

Според новинарите на „Скај спортс“ на хеликоптерот не биле директорот Џон Рудкин и потпретседателот Ајват Шривадханапраба.

Рудкин бил на натпреварот, но не се качил на хеликоптерот, а Ајват не се појавил ниту на натпреварот, односно најверојатно бил во својот дом.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top