Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во текот на денот ќе има координација со раководството на ВМРО-ДПМНЕ во однос на усогласување за стратегија за делување на наредниот период. Така да веднаш штом се усогласи таа стратегија, штом се договори ќе биде презентирана во медиумите, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на прашањето- дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во процесот на поднесување на уставни измени и амандмани и дали очекувате фидбек од владејачкото мнозинство за идејата за Закон за амнестија, што се тој би опфатил?
-Во однос за амнестијата морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ веќе во понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април, сите лица нормално опфатени по скратена постапка. Мислам дека веќе во понеделник ќе го имаат медиумите тој закон кој што е составен од страна нормално склопен од врвни правници кои што учествуваа во градењето и правењето на тој Закон за амнестија за лицата од 27-ми април, додаде Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)