СДСМ продолжува да удира по најсиромашните. Владата крати 6 милиони евра од Буџетот наменети за намалување на сиромаштијата, ова денеска на пресконференција го истакна Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев од опозиција ветуваше дека Буџетот треба да се троши за најсиромашните, тој создаде лажна надеж кај луѓето и предизборно ги изманипулира. Ништо од тоа што ветуваше не реализира. Ниту има намера и визија како да го реализира. Овие кратењата се случуваат во период кога Република Македонија има над половина милион граѓани кои живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, или тоа се 21.9% од вкупното население во државата. СДСМ иако имаше можност година и половина не презема ниту една мерка за реално намалување на сиромаштијата, напротив во економијата продолжија да ги користат бенефитите кои беa спроведени од претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Митовска.
Таа додава дека дополнително државата е на трето место во светот по младинска невработеност, истата изнесува над 50%, а пред нас се само Јужна Африка и Босна и Херцеговина, ова се официјални податоци на Светска банка.
-Извршувањето на капиталните инвестиции за девет месеци изнесува само 24.7%, што е очајно најниско ниво на реализација од постоењето на државата до денес. Ова е показател на неработа и незнаење и во никој случај со ваков начин на работа не можеме да очекуваме нови работни места. Ова се поразителни бројки. Ова се бројки кои покажуваат дека власта не знае во кој правец ја движи државата. Ова покажува дека со СДСМ Република Македонија само тоне. И затоа треба час поскоро да си заминат, рече Митовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)