| четврток, 6 декември 2018 |

Тревога во САД – Експлозивни направи пратени во Си-ен-ен и на екслидери (ВИДЕО)

Канцелариите на Си-Ен-Ен во Њујорк се евакуирани поради опасност од експлозивна направа.
Информацијата за ова доаѓа откако американската тајна служба соопшти дека нејзините агенти пресретнале сомнителните пакети упатени на адреса поранешниот претседател Барак Обама и Хилари Клинтон.

Видеото објавено на социјалните медиуми го покажа моментот кога Си-Ен-Ен беше принудена да го прекине емитувањето во живо, додека еден од презентерите на гледачите им соопшти дека бил вклучен аларм за пожар.

Американскиот канал за вести во моментот кога се вклучил алармот имаше репортажа заканите за обидите за атентат на Обама и Хилари Клинтон.

Тајната служба рече дека ниту еден поранешен демократски политичар не ги добил пакетите и не бил доведен во опасност, ниту пак бил изложен на ризик да ги добие поради процедуралниот скрининг.
Американската полиција покрена истрага, откако сомнителните пакети биле навреме пресретнати преку рутинска контрола на поштата.

Првата експлозивна направа требало да стигне во домот на Клинтонови во Њујорк, а втората во куќата на Обама во Вашингтон речиси во исто време..

Од полицијата само кусо соопштуваат дека никој не бил изложен на ризик, но дека најверојатно станува збор за ист испраќач, кој пред два дена испрати експлозивна направа во домот на американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Уредот беше пронајден во поштенското сандаче на Сорос во Њујорк, а потоа и уништен.. Обама и Бил Клинтон беа претседатели, а Хилари Клинтон кандидат за претседател од Демократската партија..

Џорџ Сорос се смета за еден од најголемите финансиери на таборот на Демократите..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top