Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучил да му предложи на Општинскиот комитет во кој членува ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков да биде исклучен од членствoто во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што учествувал во обезбедувањето двотретинско мнозинство во Собранието, изјави Александар Николоски. Ова се однесува и за Никола Тодоров, поранешн министер за здравство.
Потпретседателот на партијата Николоски рече дека тие се исклучени заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија, заради соработка со Зоран Заев како и организирање група за притисоци врз пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени. Како што рече Николоски, поради истите причини од партијата се разрешени потпретседателот Митко Јанчев и членот на извршниот комитет на партијата Костадин Богданов.
Николоски доцна вечерва имаше прес конфренција по завршување на седницата на Централниот комитет на партијата. Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ расчистува со криминалното минато и ќе оди напред чиста.
– Честитки за новата криминална коалција составена од Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков – изјави вечерва доцна пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)