| четврток, 6 декември 2018 |

Младите крстоносци ја откачија Радванска откако се сликаше гола

„Krycjata Mlodych“ или во превод „Младите крстоносци“ е католичка организација што излезе од анонимност откако ја „откачија“ својата членка Агњешка Радванска, спортска ѕвезда што е многу попозната од нив. Причината се сликите за магазинот на „И-ЕС-Пи-Ен“, на кои четврторангираната светска тенисерка е гола.

– Срамота е некој што се декларира дека го почитува Исус, да се слика гол. Ако сретне маж што навистина ќе ја сака и ќе има деца со неа, Радванска сигурно ќе сака да ги крие сликите од нив – изјави отецот Марек Џивиецки.

radvanska

Сликите, сепак, беа вистинско уметничко дело, немаше експлицитни сцени и затоа Радванска не е загрижена.

– Секој си има право на свое мислење. Јас не направив ништо лошо – вели Агњешка. Не е познато дали „Крстоносците“ ќе ја исклучат Радванска или работата ќе се смири.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top