| четврток, 6 декември 2018 |

Жив, здрав и ненормален: По излегувањето од болница се огласи и Сергеј Трифуновиќ

На актерот Сергеј Тирфуновиќ во неделата навечер му се слошило на сцената на Театарот за млади во Нови Сад на почетокот од гостувањето во претставата „Воз“.

Потоа е задржан околу еден час на Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица после што истата вечер се  вратил во Белград.

За здравствената состојба на актерот во медиумите се шпекулира во текот на целиот ден, а сега се огласи и тој на Твитер.

-Луѓе, се е во ред. Само мал замор на материјалот: ем влечам некоја вироза со денови, ем не застанувам. Жив, здрав, ненормален. На публиката во Носи Сад и се извинувам, ете не за три дена на 25, да уживаме како што треба-напиша Сергеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top