| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија покажа дека има стил: Избрани осум финалистки за жена со стил

Македонија покажа дека има стил! Вчерашниот кастинг одржан во Skopje City mall помина фантастично: повеќе од 150 кандидатки храбро покажаа кои се, одговарајќи на прашањата на стручното жири и избирајќи карактеристични модни комбинации кои би го отсликувале нивниот имиџ и карактер во различни дадени ситуации. Дополнително, нашето стручно жири составено од Дадар, Сергеј Варошлија и Сретен Костиќ покажа дека умее вешто да ги извади главните стилски карактеристики од пријавените дами, поставувајќи им низа прашања околу нивниот животен стил и префериран начин на облекување.

IMG_0087

-Кога го прифативме овој предизвик, да ја одбереме дамата со стил на Skopje City Mall, искрено не очекувавме ваква конкуренција и презентација на различни префинети стилови. Во името на целото жири, би сакале да се заблагодариме на сите кандидатки и да ги поздравиме оние осум кои продолжуваат и понатаму да се дружат со нас и гордо да го претставуваат и слават стилот, изјави Дадар по завршувањето на кастингот.

Кандидатките кои продожуваат понатаму и ќе бидат дел од Саботното финале на изборот, се: Елена Везенкова, Марија Ѓоргиева, Теодора Крстевска, Инес Шабан, Дора Локвенец, Симона Атанасова, Антица Сашек и Магдалена Тасевска, кои воедно го претставуваат стилското шаренило кое го создаде вистинското модно виножито на овој урбан настан.

По изборот на 8 финалистки, следува фазата кога кандидатките ќе одберат уникатни стилски парчиња кои ќе ги носат на главниот настан закажан за 8-ми Март, денот кога, конечно, Република Македонија ќе ја добие својата, уникатна, дама со стил!

Имено, Skopje City Mall не престанува со изненадувањата за понежниот пол на Денот на дамите. На денот на големото финале, 8-ми Март, во нашиот Showroom, од 16.00 до 18.00 часот, посетителките ќе имаат можност да добијат бесплатно стилизирање од страна на Дадар, кој за таа цел ќе го „пресели“ своето студио во Skopje City Mall. Покрај тоа, истите ќе можат да добијат стилски совети од сите членови на нашето жири.

Затоа дами, пред да се подготвите за вашето 8-мо Мартовско излегување, дојдете и надградете го стилот, Skopje City Mall е се што сакате!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top