| четврток, 6 декември 2018 |

Од сцена директно во болница: Глумејќи на Сергеј Трифуновиќ му се слошило!

Сергеј Трифуновиќ откако му се слошило среде претстава завршил во болница, јавуваат српските медиуми.

Глумецот требало да ја игра претставата „Воз“ во Нови Сад, но после само пет минути претставата била прекината и глумецот го повлекле од сцената.

Трифуновиќ, се наведува, ја замолил публиката за разбирање и ја откажал претставата, а потоа дошла Брза помош и го изнела на носила.

„Блиц“ наведува дека публиката глумецот го испратила со аплауз, додека дел од гледачите останале да седат со надеж дека сепак станува збор за некаков перформанс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top