| четврток, 6 декември 2018 |

Ламборгини произведено во Арачиново (ВИДЕО)

Ламборгини не се произведува само Италија. Ваков вид уникатен спортски автомобил креиран од голема желба и страст, е направен и во Арачиново. За само неколку месеци, Менсур Кадриу успеа автомобилот Рено Лагуна, да го претвори во Ламборгини.

Целиот облик на автомобилот е променет за приближно да може да изгледа на супер-автомобилот од Италија.

Дритон од Косово не можел да си купи ламборгини, па си го направил (ВИДЕО)

„Имав голема желба. Јас имам и филмска продукција, снимаме филмови. Ваков автомобил ни беше потребен за филм кој ќе го снимаме во јануари. Се сетив на ова и отидов купив Рено Лагуна. Го исеков и почнав да работат на полека собирајќи ги деловите. И еве сега изгледа вака“, рече Менсур Кадриу.

Менсур кадриу го опеал своето возило во песната „Ламбо, Ламборгини“, а целиот разговор со него можете да го прочитате ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top