| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка повреда: Меси го пропушта Интер, неизвесен за Ел Класико

Ако се покаже дека повредата има некоја потешка природа, Барселона би можела да се најде во сериозни проблеми, ако се знае дека веќе во среда во Каталонија треба да гостува Интер, а следната недела на програмата е големиот „Ел Класико".


„Ноу Камп” остана во неверување. Лионел Меси доживеа незгоден пад на раката на дуелот со Севиља поради кој итно е префрелн во болница каде ќе следуваат детални прегледи
За се е „виновен” дуелот со Франко Васкез во 16.минута од играта по која малечкиот Аргентинец падна на лактот на десната рака.

Првата реакција беше навистина болна, лекарскаат екипа на Барса реагираше експресно и стави завој на повреденото место, но само неколку минути подоцна, Меси побара замена.
Ако се покаже дека повредата е со посериозни последици, Барселона би можела да се најде во сериозни проблеми со оглед на тоа дека пред нив се серија на навистина тешки натпревари.

Веќе во среда, на „Ноу Камп” доаѓа милански Интер, додека пак во недела е големото дерби, односно „Ел Класико” против Реал Мадрид.

Повредата на раката што ја доживеа Лионел Меси не можеше да дојде во полош момент за екипата на Барселона.

Заедно со денешниот натпревар против Севиља, Барса има исклучително тежок период затоа што ја очекува дерби во Лигата на шампионите, а потоа и дуел против Реал во домашното првенство. Иако прегледите уште траат, шпанските медиуми дознаа каква е ситуацијата со Аргентинецот.

Според нив, тој сигурно го пропушта дуелот против Интер кој се игра во вторник, а е во најмала рака неизвесен за Ел Класико кое е закажано за недела на Камп Ноу. Ако Барса го преживее овој период, потоа и следува нешто полесен распоред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top