Тејлор (27) преку својата најдобра пријателка Аманда (30) го запознала Керн Лиман (52) и меѓу нив двајцата светнала искра.
Можеби тоа и не би било ништо необично, ако Керн не ѝ е татко на нејзината најдобра другарка Аманда. Била тоа љубов на прв поглед, а по пет години врска тие се венчале.
„Кога се запознавме, работев со неговата ќерка и таа ми беше најдобра пријателка. Тој тогаш беше женет, а јас во врска. Меѓутоа кога го здогледав помислив дека е многу згоден. Бевме во бар и веднаш почнавме да флертуваме, признава Тејлор.
Иако уште на почетокот и било чудно да се гледа со таткото на својата пријателка и малку непријатно поради Аманда, вели дека со тек на време се опуштила, а врската ја крунисале со брак.
Признава дека нејзините родители биле резервирани по прашањето на нејзината врска со маж кој е врсник на нејзиниот татко, но и дека сега сите се навикнале и двете семејства во одобруваат нивниот брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)