Словенечки полицајци нападнаа странец, за кој се претпоставува дека е државјанин на Унгарија, само поради тоа што му недистигале 40 центи за да ги плати потребните документи на влез во Словенија.
Инцидентот можеби никогаш немаше да го привлече вниманието на јавноста ако не беше снимен, а видеото објавено на интернет.
Словенечките медиуми пишуваат дека веќе е почната истрага за однесувањето на полицајците кои не постапиле правилно, како и за физичкиот напад на еден од нив кон странецот откако претходно се посегнал по појасот на кој му бил закачен службениот пиштол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.