| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот на Шпанија среде корупциски скандал за примање мито

rahojПремиерот на Шпанија Маријано Рахој се соочува со силни притисоци за да поднесе оставка откако шпанските медиуми објавија голема корупциска афера според која тој примил мито од најмалку 25.200 евра.

Според шпанските медиуми, Рахој во времето кога бил министер во претходната влада на Хосе Марија Азнара, од таен фонд на Народната партија му биле исплатени 25.200 евра- пари кои не ги пријавил, а чие потекло е сомнително.

Рахој парите ги примил во два наврати во периодот меѓу 1998 година и 2008 година. Иако премиерот негира дека зел пари, весникот Мундо објави преписки преку мобилен телефон меѓу него и партискиот благајник Луис Барсенас со што директно се поврзува со корупцискиот скандал.

 

Владејачката партија имала тајни фондови со кои се финансирале донатори од разни корпорации за потоа да бидат наградувани со разни договори. Средставата како што се тврди користени да дополнување на платите на членовите на партиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top