Тенковите што се наоѓаа на стрелиштето „Мауцкер“, на самиот влез во Охрид, биле украдени викендов, известува „Охрид1“.
Два камиона дошле за да ги однесат деловите кои работници ги сечеле од тенковите. Распарчените тенкови најверојатно ќе завршат како старо железо, тврди „Охрид1“.
Од ЈП „Охридски комуналец“, кој на „Мауцкер“ има депонија за градежен шут, утрово ја информирале полицијата дека некој ги сечел и украл тенковите.
Полицијата почнала истрага околу оваа несекојдневна кражба на тенкови, информира „Охрид1“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.