| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на директор на Интерпол: Не сум сигурна дека е жив (Видео)

Сопругата на поранешниот директор на Интерпол изјави дека не е сигурна дали Менг Хонгвеј е жив откако е уапсен од кинеските власти.

Во интервју за BBC, Грејс Менг изјави дека со сопругот не е во контакт од неговото исчезнување пред три недели и дека оттогаш има заканувачки телефонски повици.

Таа претходно рече дека нејзиниот сопруг по пат на социјалните мрежи ѝ испратил порака во која наведува „чекај на мој повик“ на 25 септември, дента кога отпатувал за Кина од Лион.

Неколку минути подоцна ѝ испратил порака во која вели дека верува оти е во опасност.

„Мислам дека тоа е политички прогон. Не сум сигурна дека е жив“, изјави таа во интервјуто за BBC емитувано синоќа.

Грејс додаде дека смета оти „нема граници“ во тоа што Кина може да го направи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top