Десет возачи на патнички моторни возила викендов во Охрид биле исклучени од сообраќај откако полицијата ги фатила дека возеле под дејство на алкохол.
Како што информираа од охридската полиција, возачите биле од Охрид, Струга и од Скопје. Тие во петокот биле затекнати под дејство на алкохол при ноќна акциска контрола на полицијата. Им биле одземени возачките документи и им биле напишани казни. Во акцијата биле извршени контроли на 145 патнички и моторни возила, при што бил запленет и еден пиштол од лице од Струга што го поседувало без дозвола.
Викендов биле контролирани и угостителските објекти и ноќни клубови. Засилените активности на охридската полиција биле со цел да се зголеми степенот на безбедноста на целото подрачје. Освен на подрачјето на Охрид исти активности биле спроведени и на подрачјата на Струга, Кичево и Дебар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.