Вчера Владата на СДСМ ги задолжи граѓаните за нови 54 милиони евра, пари кои ќе треба да ги враќаме ние и идните генерации. Уште потрагично е што во наредните недели се планира раздолжување од 37 милиони евра, така што чисти остануваат 17 милиони евра за кој никој не знае каде ќе се потрошат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните не видоа никаква корист од овие задолжувања. Мизерија на секој чекор. Ветуваа капитални инвестиции од 80%, а добивме реализација од само 21%. Потфрлија на секое поле. Кратат буквално од сѐ. Не се гради речиси ништо. Нема нови инвестиции, нема нови патишта, нема нови болници, инфракструктура. Црното економско трио Заев, Тевдовски, Анѓушев за неполни две години успеаја целосно да ја потопат македонската економија, а граѓаните да ги донесат на работ на преживување.
Речиси и да нема сектор во еномијата каде ситуацијата не е катастрофална. Растот на БДП како што го ветуваа дека ќе биде 4 или 5% останува само пуста желба на Заев. Дури и ММФ ги намали проекциите за раст на БДП на ниски 1,6% што нѐ прави шампиони по најнизок раст во Европа.
Ваквото однесување на СДСМ мора да престане. Сите непродуктивни трошоци да сопрат и конечно да почнат да спроведуваат политики кои се од интерес на граѓаните. Како најнеопоходна работа е да се намали акцизата на горивата зошто на долг рок е неиздржива ваквата ситуација не само за македонското стопанство туку и за граѓаните.
Наместо да се фокусираат за тоа како да подобрат стандардот на граѓаните тие тераат пропаганда за неуспешниот референдум и како да го протуркаат на сила капитуланскиот договор со Грција- соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)