| четврток, 6 декември 2018 |

Го загуби животот при пад од мотор со брзина од 458 км/ч (видео)

Американецот Бил Ворнер (44) се обиде со модифициран моторцикл „сузики“ да достигне брзина од 482 километри на час на авионска писта во Мејн. При брзина од 458 километри на час ја загуби контролата врз моторот и падна.

Кога стигна лекарскиот тим, тој беше при свест, го пренесоа во болница, но по еден час и 15 минути, за жал, почина.

Варнер при ова возење се обидувал да постави нов брзински рекорд, но, за жал, не успеал во намерата. Претходно со модификуваната верзија на Suzuki Hayabusa постигнал рекордни 500 километри на час на истата патека, но на должина од 2,4 километри. Овој пат посакал да постигне рекордна брзина од 482 километри на час користејќи патека долга само 1.600 метри, што се покажа како кобно.

Разликата од тогаш и сега е тоа што претходно користеше 2 километри од пистата, а сега само 1600 метри.

httpv://www.youtube.com/watch?v=sAHVvpqUE24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top