Плејмејкерот на Чикаго булс, Дерик Роуз, ќе се врати на кошаркарскиот терен на 12 октомври во првиот претсезонски натпревар кој неговиот тим ќе го игра во Рио де Жанеиро против тимот на Вашингтон визардс.
Роуз нема играно од мај минатата година кога заработи тешка повреда на коленото поради која ја пропушти целата сезона.
Најкорисниот играч на НБА-лигата од 2011 година во изминатите неколку дена беше на турнеја низ Балканот, при што ги посети Белград и Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.