Ана Ивановиќ е една од најшармантите тенисерки во ВТА, а каде и да настапува предизвикува огромно внимание. Често е на насловните страници и на најпознатите модни списанија, а одлично игра и тенис. Го докажа тоа со освојување на титулата на францускиот гранслем Ролан Гарос во 2008 година, со уште многу успеси на турнирите и со првото место на светската ранг-листа, во јуни, 2008 година.
Од денеска ќе настапува на турнирот во Монтереј, Мексико, а тоа го искористија сопствениците на магазинот „Карас“ за да ја привлечат на атрактивна фотосесија. Ана како и секогаш го покажа сиот шарм и убавина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.