| четврток, 6 декември 2018 |

Допингот во атлетиката, од 10 најбрзи луѓе на планетата 7 биле допингувани (фото)

Францускиот весник „Лекип“ објави интересна сторија, поткрепена со факти, која вели дека дури седумина најбрзи спринтери на сите времиња паднале на допинг-контрола, односно нивните тестови биле позитивни. Само светскиот рекордер Јусеин Болт, кој има најбрзо време, 9,58, во историјата на трките на 100 метри не бил допингуван, а со него од топ-10 „чисти“ останале уште само Неста Картер и Морис Грин.

sprint

Картер е сонародник на Болт од Јамајка и го има седмото постигнување на вечната листа со време од 9 секунди и 78 стотинки, а Американецот Грин е за една стотинка поспор на 9 позиција. По вчерашната објава дека Тајсон Геј и Асафа Пауел користеле допинг, листата на спринтери од топ-10 што користеле недозволени стимуланси се зголеми на 7. Геј го има вториот најдобар резултат на сите времиња, 9,69 заедно со Јохан Блејк, а зад нив се Пауел со 9,72, Џастин Гетлин со 9,77, Тим Монтгомери со 9,78, Бен Џонсон со 9,79 и Стив Малингс со 9,80. Сите тие се дел од топ-10 најбрзи луѓе на планетата, но и сите користеле забранети супстанции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top