На денешното државно изборно првенство во крос беше поставен неславен рекорд за одржан крос натпревар со најмалку учесници. Во вкупно шест категории на „масовниот” старт настапија само тројца младинци и седум дечиња надвор од конкуренција бидејќи се помали од 16 години и немаат право на настап според пропозициите на натпреварот. Причина за тоа е незадоволството на клубовите.
„Атлетските клубови и атлетичарите го изразија своето незадоволство кон нестручната работа, селективните стандарди и норми кои се применуваат, како и однесувањето и омаложувањето кои го трпат од ’стручните’ лица на атлетската федерација“, информираат од клубовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.