Поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство утрово е приведен и пренесен во Основниот суд Скопје, јави „Прес 24“.
Информацијата ја потврдила и МВР, а повеќе детали најави за во текот на денот.
Според „Прес 24“, Паско Кузман е приведен во врска со акцијата „Фаланга 2“ во која претходно паднаа 19 лица, меѓу кои и вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија, како и полициски службеник од Велес.
Групата од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје вршела илегални ископувања на предмети со културна и археолошка вредност, продавање на истите во Р. Македонија и во странство, како и продажба на икони за кои постојат сомненија дека потекнуваат од црковни објекти, а се со непроценлива вредност за културното наследство на Р. Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.