– „Марс еден“ („Mars One“) е непрофитна организација чија цел е да воспостави човечка населба на Марс преку интеграција на постојните, леснодостапни технологии од лидерите во светската индустријата – стои во описот на организацијата која се надева дека ќе ги однесе првите жители на црвената планета.
„Марс еден“ има намера да го финансира овој обид една деценија, преку вклучување на целиот свет и интеракција со публиката, потоа телевизиското емитување на секој аспект на оваа мисија, од селекцијата на астронаутите и нивните подготовки за пристигнувањето на Марс, па сѐ до почетоците на нивниот живот на новата планета.
Меѓу кандидатите што испратија свое видео и барање за карта во еден правец е и 18-годишниот Mакедонец Горан Атанасов. Засега тој се наоѓа на 3.857. место, а во своите вештини ги вбројува својот хумор, познавањето неколку јазици, љубовта кон технологијата и, секако, онаа кон вселената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)