| четврток, 6 декември 2018 |

Има ли крај на гафовите: Што слави денес Шилегов? (фото)

На официјалниот профил на Град Скопје на „Твитер“ беше објавено дека делегација составена од градоначалникот Петре Шилегов, Претседателот на Советот Љубица Јанчева и секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, положија свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје, во чест на Денот на народното востание, како што пишува во објавата ПРВИ октомври.

Грешката беше забележана дури по повеќе од еден час, а постот беше избришан. Сепак, твитерџиите не им ја заборавија грешката и под објавата со точниот датум продолжија со сеирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top